Алумни клуб

Алумни клубот на МСУ е заедница на сите студенти кои дипломирале/магистрирале на некој од факултетите при универзитетот од неговото основање до денес. Целта на формирањето на Алумни клубот е да се развиваат и унапредуваат заемно корисни релации меѓу универзитетот и студентите кои ги завршиле студиите на МСУ.

Алумни клубот им овозможува на поранешните студенти на МСУ да останат активни во академската заедница на МСУ и да се вмрежуваат преку инцијативите на членовите на клубот на интелектуално, социјално и професионално ниво. Исто така, алумни клубот координира активности за унапредување на академските вештини на членовите и промовира личен и професионален раст и развој на сите членови преку доживотно учење (формално, неформално и информално).

Алумни клубот е средина во која се цени интегритетот, чесноста и етичкото однесување, и се труди да овозможи развивање на односи кои се градат на меѓусебно почитување, разбирање и слобода на изразување.

Како член на Алумни клубот имате право да учестувате на сите програми, настани и активности на МСУ и на нашите партнерски организации. Затоа не пропуштајте, приклучете ни се веднаш!


Членство:

Членови на Алумни клубот на МСУ можат да бидат сите студенти кои дипломирале/магистрирале на некој од факултетите при универзитетот.

Регистрацијата е бесплатна и може да се направи со пополнување на Вашите податоци на линкот подолу со кликнување на „Регистрирај се“.

Доколку веќе имате регистриран профил, можете да се најавите со кликнување на линкот „Најави се“.